СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд за „Поштенска банка“ | Правдико

Правдико

   

СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд за „Поштенска банка“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба на одлуката на Основен суд Скопје 1 – Скопје за одредување мерка претпазливост за тројцата осмничени од новиот предмет „Поштенска банка“.

Специјалното јавно обвинителство претходно побара определување мерка притвор за три лица од предметот „Поштенска банка“. Трите лица беа спроведени и по сослушувањата и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои им определи мерки за претпазливост.

На осомничениот К.С. му е изречена мерката привремено одземање на патната исправа и обврска повремено да се јавува на овластено лице во судот, а на Р.Д. и Т.Г. изречена им е мерката – обврска повремено да се јавуваат во судот во Кочани, односно судот во Гевгелија. Станува збор за Коле Смилевски директор на банката, и бизнисмените Томе Главчев и Ратко Димитровски кои се товарат за прибавување имотна корист од пет милиони евра за кривични дела сторени од 2001-вата до 2010 година.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите вчера ја отвори истрагата со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага со која се осомничени вкупно девет лица.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико