СЈО поднесува две обвиненија | Правдико

Правдико

   

СЈО поднесува две обвиненија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sjo-izvestaj-777x437Две обвиненија до Кривичниот суд денеска ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти на денешната прес-конференција обвинителката Катица Јанева пренесува порталот Новатв.мк

Првото обвинение се однесува на незаконско уништување на документација од системите на прислушување за кое СЈО товари 7 лица, а второто поднесено обвинение, се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет.

Двете обвиненија ќе се поднесат по скратена постапка, a oд СЈО велат дека очекуваат осудителни пресуди.

-Првиот предмет е од огромно значење на мандат на ова Обвинетелство. Се работи за уништување на документација повзана со системите за прислушување. Преземајќи истражни дејствија за тоа кој и зошто неовластено прислушувал, Обвинителство прибави доказен материјал и за други кривични дела. Од доказите произлезе дека првообвинетитот незаконито формирал Комисија и 2 047 службени списи биле уништени.

Според доказите првообвинетитот началник од УБК издал усна наредба за годишно ништење на материјали, иако законските акти не дозволуваат обвинетиот да формира таква Комисија. Целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следење на комуникациите. Целото ништење е направено спротивно на сите службени акти, и обвинетите лица без никаква процедура за ништење ги запалиле материјалите, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа посочи дека уништени се и класифицирани информации.

Во вториот предмет, СЈО отвора обвинение по телефонски разговор содржан во прислушуваните материјали, а кој опозицијата го објави јавно. Првообвинетиот е дел од извршната власт.

-Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на општина Центар.
Произлезе сомнение за потикнување насилство. Ова јавно обвинителство презеде низа активности дали содржината на снимката има своја завршница.Поради наведените причини беа прибавени голем број видео записи, материјални докази, а беа испитани и 20 сведоци. Дел од сведоците побараа заштита, рече Фетаи.

Обвинитението е поднесено против 14 лица за кривичното дело насилство од кои 5 лица се обвинети како поттикнувачи и за 9 лица како директни извршители на насилството.

-Од доказниот материјал произлезе дека во месец јуни првообвинетиот побарал, а второобвинетиот прифатил да извршат грубо насилство спрема градоначалникот на општина Центар. Анализите кои ги направи ова Обвинителство упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ова се чисто лукративни, за остварување на бизнис интересите на партискиот врв, рече Фетаи.

Прес-конференцијата е во тек.

Извор: Новатв.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико