СЈО: Повредена тајноста на предистражна постапка | Правдико

Правдико

   

СЈО: Повредена тајноста на предистражна постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство, денес 09 Февруари, излезе со соопштение кое го пренесуваме во целост:

„Во врска со предистражна постапка која се води во ова Јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка. Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка.

Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност  јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.“

Препорачуваме

Партнери на Правдико