СЈО: Повторно доставени доказите во Основниот суд Скопје 1 Скопје - ќе се бара изземање на судијата | Правдико

Правдико

   

СЈО: Повторно доставени доказите во Основниот суд Скопје 1 Скопје – ќе се бара изземање на судијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sjoСпецијалното Јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 Скопје, кои  беа денес вратени од Судот. Во писмениот допис доставен до Судот укажано е на непостоење на законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации и на законските обврски секој орган кој работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации.

Во дописот е појаснето и дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици.

Воедно во текот на денешниот ден од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје побарани се официјални податоци кои судии се определени да постапуваат во судските предмети оформени по повод поднесените обвинителни предлози на ова Јавно обвинителство, бидејќи обвинителството не беше официјално информирано кои судии постапуваат по овие обвинителни предлози. Сепак, со оглед на фактот што од дописот доставен до ова Јавно обвинителство со кој се вратени доказите произлегува името на судијата кој постапува по предметот, во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено и барање за изземање на судијата од постапување по конкретниот предмет.

Препорачуваме

Партнери на Правдико