СЈО предлага да се воведе ново кривично дело – попречување на правдата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното Јавно Обвинителство на чело со специјалната обвинителка Катица Јанева, на денешното соопштение кон јавноста, даде предлог за воведување на ново кривично дело – попречување на правдата, а како причина ги наведе големиот број на опструкции на работењето на ова jавно обвинителство.
„Имајќи ги предвид ваквите состојби и континуираните опструкции на работењето на ова Јавно обвинителство, од наша страна се предлагаат измени на Кривичниот законик и воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата, кое ќе биде во главата на кривични дела против правосудството. Би сакале да и појасниме на јавноста дека согласно членот 9 ставот 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, сите тела за спроведување на закони, се обврзани да обезбедат помош по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите согласно Законот за кривична постапка. Со оглед на фактот што ваквата законска обврска воопшто не се почитува, иако на истата постојано укажуваме во нашите барања и со таквото постапување се попречува правдата и спроведувањето на истрагите, сметавме дека е неопходен посериозен механизам за санкционирање, поради што и се предлага измената на Кривичниот законик.“
Денес, СЈО обвини десетина институции за опструкции врз работата на обвинителството.
Целото соопштение прочитајте го тука.