СЈО предложи над 1.500 докази против Сеад Кочан и останатите обвинети во „Труст“ | Правдико

Правдико

   

СЈО предложи над 1.500 докази против Сеад Кочан и останатите обвинети во „Труст“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство предложи 1.560 докази против Сеад Кочан и останатите обвинети во предметот „Труст“.

Меѓу нив има три телефонски разговори. Два разговори, кои не се јавно објавени, се меѓу поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски,а третиот разговор кој е јавно објавен е воден меѓу експремиерот Никола Груевски и Влатко Чинговски.

Во доказите на СЈО има фактури, договори, уплати и сметководствена евиденција.

Судијката на денешното рочиште во кривичниот суд го одби предлогот на одбраната трите „бомби“ да не бидат докази во постапката и го прифати предлогот ЦД од обработени банкарски сметки да не биде доказ во постапката.

Следното рочиште е закажано за 30 ноември, а на него како сведок ќе биде сослушан Васил Ристовски, управител на „Силекс неметали“.

В.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико