СЈО се уште без одговор од двете институции за барањето околу Милошоски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Централниот регистар и Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба се уште не одговориле на барањето на Специјалното јавно обвинителство во врска со пратеникот Антонио Милошоски,потврдуваат за Макфакс од СЈО.
Рокот од 5 дена што го постави тимот на Катица Јанева е веќе пробиен,но од оваа институција не сакаат да коментираат дали ќе побараат одговорност за непостапувањето.Како што појаснуваат,во тек е добивање одговори од многу институции,како и физички и правни лица.За изрекување евенуални казни е надлежен Основниот суд.
Специјалното јавно обвинителество во рамките на предистражната постапка,која е тајна,побара од овие две институции да проверат дали Милошоски се јавува како управил на фирми,како и дали поседува приватен воздухоплов.
Милошоски тврдеше дека документите што ги сподели на социјалните мрежи ги добил од загрижен „свиркач“ од СЈО ,додека од Специјалното обвинителство енергично ги демантираа ваквите тврдења.
Извор: Макфакс