Правдико

   

СЈО се жали на висината на казната за Ивона

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд поднело жалба за висината на казната за предметот „Тифани“, дознава „Макфакс“. Неофицијално, новинарката Ивона Талевска почнала да враќа дел од сумата, која изнесува приближно 2,5 милиона денари.

Минатиот месец судот ја осуди Талевска со условна казна затвор од две години доколку во следните 4 години не го повтори делото даночно затајување. Со одлука на судот Талевска ќе треба да ја врати целата сума за која се сомничеше во случајот „Тифани“. Според обвинението, како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“, во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци, давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико