СЈО смета дека Јанакиески може да влијае врз сведоци | Правдико

Правдико

   

СЈО смета дека Јанакиески може да влијае врз сведоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е обвинет во предметот „Титаник“ пред Апелација вети дека ќе се појавува на суд и негираше дека влијаел на сведоци или дека ја опструирал постапката.

Пред судиите на Апелацискиот суд, Специјалното јавно обвинителство истакна дека бараат притвор за Јанакиески бидејќи според нив постои опасност од бегство и опасност да влијае врз сведоци и соучесници. Обвинителот достави неколку покани до судиите кои му биле испратени на Јанакиески, а на кои тој не се јавил.

Јанакиески истакна дека лично го доставил телефонскиот број до СЈО и дека е достапен за обвинителство. Според, поранешниот министер, обвиненијата се празни.

Одбраната рече дека веќе еднаш судот одбил да му определи притвор во 2016 година.

На денешната расправа, судиите ги слушаат наводите на СЈО за обжалената мерка притвор изречена од Кривичен суд, со која му е одземен пасошот и му е наложено да се јавува еднаш неделно во судот. СЈО бара притвор. Наспроти ова, одбраната бара да му се врати пасошот на Јанакиески.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико