СЈО со загатка најави нова истрага во 11 часот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство со загатка во среда најави прес-конференција за четврток во 11 часот. „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, напишаа од обвинителството на социјалните мрежи.
Во јавноста вчера се појавија повеќе толкувања и шпекулации за тоа што би можело да значи загатката и дали СЈО ќе објави нова истрага или нови моменти во веќе обелоденетите.
„Транспортер“ е една од веќе отворените истраги на СЈО и се однесува на градоначалникот на Битола Владимир Талески кој заедно со претседателот на комисијата за јавни набавки направиле 81 кривично дело претплатувајќи го превозот на ученици во Битола, објави специјалното обвинителство.
Склучувајќи договори спротивни на законите, Талески и уште 22 лица директори на основни и средни училишта направиле штета на државниот буџет во вредност од 360 илјади евра за само две учебни години.
Од друга страна „Тифани“ е контроверзната зграда на почетокот на улицата „Партизански одреди“ во Скопје, која според последните информации во 2009 година ја купи Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Скопје и бизнисмен.
„Труст“ е последниот случај што го отвори СЈО на 28 февруари, за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Во „Труст“ осомничени се три правни лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „Вато“ од Студеничани, како и три физички лица, управители на овие фирми. Тие се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.
За бизнисменот Сеад Кочан, на кого му е одреден притвор, е распишана домашна и меѓународна потерница. Тој повеќе денови не е достапен за органите на прогонот.
Извор: Макфакс