СЈО: Таргет на прислушување биле најмалку 5.827 телефонски броеви | Правдико

Правдико

   

СЈО: Таргет на прислушување биле најмалку 5.827 телефонски броеви

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sjo1-777x437СЈО во овој момент располага со доволно материјални и вербални докази за отворање истрага под името Таргет, за незаконско прислушување во период од 2008 до 2015 година, кога според она што го соопшти обвинитеката Фатиме Фетаи бил прислушувани најмалку 5.827 телефонски броеви. За што осомничени се 10 лица, кои биле на раководни позиции или вработени во УБК.

-Основното прашање на кое мора да одговори ова Обвинителство е кој, со кои средства и со кои методи и на крајот со кои мотиви незаконски прислушувал.

Освен за мотивите кои се предмет на истрагата, обвинителката Фетаи рече дека  може да се каже дека за 10 лица тогаш и сега вработени во УБК на различни позиции од највиски до пониски позиции, постои основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување на штета на средствата на државата преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите пшри што се повредени основните права и слободи на граѓаните.

На ваков начин е следена комуникацијата на 1.541 телефонски броеви или најмалку 5.827 телефонски броеви. Притоа незаконски се следени и лица кои комуницирале со овие телефонски броеви кои биле таргет на незаконското следење, рече Фетаи.

СЈО во истрагата утврдило декла во периодот од 2008 до 2015 година во употреба биле три различни системи за следење комуникации.

Досега прибавените докази покажуваат дека преку првиот систем за следење  од 01. 01. 2008 до 30. 11. 2008 без судска наредба  биле следени најмалку 229 телефонски броеви и уште најмалку 21 телефонски број надвор од перидот на судските наредби.

Преку вториот систем за следење , во периодот од 11.2. 2008 до  02.01. 2015 без судска наредба е следена комуникацијата на најмалку 3.646 телефонски броеви и дополнително уште најмалку 1.268 телефонски броеви надвор од периодот од судска наредба.

Третиот систем бил во употреба од 21. 01. 2015 до 31. 12. 2015 без судска наредба се следени најмалку 401 телефонски број и дополнително уште најмалку 252 телефонски броеви надвор од судската наредба.

Извор: НОВАтв

Препорачуваме

Партнери на Правдико