Правдико

   

СЈО влезе во „Македонска пошта“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тим на специјалното јавно обвинителство вчера влегло во ЈП „Македонска пошта“, каде што според информации на „Макфакс“ била побарана документација поврзана со предистражна постапка. Информациите говорат дека тимови на СЈО во текот на вчерашниот ден биле во посета и на неколку други институции од каде што прибирале информации.

Од СЈО за „Макфакс“ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата. Не е познато дали документацијата што била побарана е поврзана со работата на ЈП „Македонска пошта“ или станува збор за прибирање документација потребна за расветлување други случаи.

Според информациите на „Макфакс“, истражителите на СЈО од ЈП „Македонска пошта“ документите ги барале од правната и финансиската служба на институцијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико