Скопјанец баран од полицијата уапсен на аеродром | Правдико

Правдико

   

Скопјанец баран од полицијата уапсен на аеродром

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец утрово бил уапсен на скопскиот аеродром при обид за влез во земјава, информираат од МВР.

Во раните утрински часови на скопскиот аеродром по извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција, констатирано било дека 39-годишниот С.Е. од Скопје фигурира со мерка „А“ (апси) по барање од Одделениетo за потраги при МВР.

Човекот бил приведен и предаден на полицајци од Полициската станица Кисела Вода од каде треба да биде пренесен во затвор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико