Правдико

   

Скопјанец ги нарушил јавниот ред и мир во Охрид за време на полициски час

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид две лица не го почитувале полицискиот час.

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Во истиот период не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, а регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир, околу 19 часот на улицата Димитар Влахов во Охрид.

Во врска со настанот приведен е 49-годишен скопјанец и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициските службеници извршиле 72 контроли кај лица во изолација, 297 контроли кај лица во самоизолација и 88 контроли на угостителски објекти на подрачјето на СВР Охрид.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико