Скопјанец избоден со нож во кафеана во Хиподром | Правдико

Правдико

   

Скопјанец избоден со нож во кафеана во Хиподром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец бил избоден со нож при расправија што настанала во кафеана во скопската населба Хиподром. Како што информира МВР, вчера во 15.05 во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населбата Хиподром – Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј. (64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го пробол А.А. (39) од Скопје.

А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико