Скопјанец ја претепал сопругата, во тек била бракоразводна постапка | Правдико

Правдико

   

Скопјанец ја претепал сопругата, во тек била бракоразводна постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец ја претепал сопругата во днeвната соба од семејниот дом, која жената ја користела додека траела бракоразводната парница меѓу нив.

tepanje-sopruga-razvod

Жената пријавила дека во вторникот околу 20.45 часот во дневната соба влегол сопругот за да гледа телевизија. Жената му рекла дека била уморна и дека ќе оди во друга соба. Ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.

Жената успеала да излезе надвор и да побара помош, а мажот излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика.

Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа. Мажот влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.

Жената се јавила на лекарски преглед во ГОБ „8-ми Септември“ каде и биле констатирани телесни повреди. Насилниот сопруг бил повикан во Полициска станица Аеродром и со истиот бил извршен разговор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико