Скопјанец нападнат со шрафцигер се бори за живот | Правдико

Правдико

   

Скопјанец нападнат со шрафцигер се бори за живот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец, ноќеска по полноќ, бил нападнат со шрафцигер, а во бесознание е донесен во болница каде се бори за живот, соопшти полицијата.

Имено, во полиција во Скопје било пријавено дека на бул. „Кирил и Методиј“, во близина на ТЦ Рамстор, непознато лице со шрафцигер во рака ги вознемирувало граѓаните.

Од страна на единицата Алфа на местото на настанот пронајден бил повреден С.С. (44) од Скопје.

Лекар од Ургентниот центар констатирал тешка телесна повреда, а човекот е во безсознание и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико