Скопјанец навредувал и му се заканувал на дипломат во Амбасадата на САД | Правдико

Правдико

   

Скопјанец навредувал и му се заканувал на дипломат во Амбасадата на САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец преку фејсбук му се заканувал на дипломатскиот претставник на САД во Амбасадата на САД во Македонија, информираше МВР.

Според истиот извор, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.

Тој во периодот од 14 до 16.04.2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страна на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД во Р.Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство, со што јавно го изложил на подбив.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико