Скопјанец обвинет за лажна продажба на станови | Правдико

Правдико

   

Скопјанец обвинет за лажна продажба на станови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвиниение против 41-годишен скопјанец поради сторено кривично дело  измама.

Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март годинава, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија, односно повеќекратно повторување на исто дело, со намера за себе да оствари противправна имотна корист.

Тој довел и држел во заблуда десетмина оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности со своја Агенција е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Со четворица од оштетените обвинетиот склучувал договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но до договори за купопродажба не дошло.

Со шестмина оштетени, обвинетиот склучувал договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и договори за купопродажба во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико