Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол | Правдико

Правдико

   

Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 24 – годишник, на 02.11.2020 година, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол ЦЗ ВЗ61 Шкорпион, како и 10 куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 мм. На критичниот ден, на улица „Цветан Димов“, тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот и телото на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани моторни возила.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико