Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувачница | Правдико

Правдико

   

Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувачница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за разбојништво од член 237, став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувачница на улицата Благоја Стефковски. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувачницата, со нож во раката влегол внатре и им се заканил на еден вработен и на уште едно лице, кое во тој момент се наоѓало во објектот. Притоа одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари, кои се наоѓале во ВЛТ-апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Кога го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.

Со решение на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, на обвинетиот му беше определена мерка куќен притвор, а јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на оваа мерка, соопшти Обвинителството.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико