Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство.
Извор: Макфакс