Скопјанец обвинет за трговија со марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По спроведена истражна постапка, Oсновното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата, наменета за натамошна продажба на црниот пазар во Скопје, била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на куќниот притвор за обвинетото лице, бидејќи и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело.
Извор: Макфакс