Скопјанец од две аптеки украл над 60 илјади денари | Правдико

Правдико

   

Скопјанец од две аптеки украл над 60 илјади денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот И.С. (26), кој во два наврата во годинава со закана со нож од вработени во две аптеки одзел околу 60 илјади денари.

Пријавениот на 6 јуни годинава околу 21.15 часот во аптека на булеварот Борис Трајковски, со закана со нож, од вработените одзел околу 52.000 денари и побегнал. На 28 јули, пак, околу 16.40 часот во аптека на улицата Антон Попов, со закана со нож, од вработената одзел 15.600 денари и побегнал.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико