Правдико

   

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции – екстази и непозната бела кристална материја, кои имал намера да ги продаде на други лица на подрачјето на Охрид и Скопје. На 1 март, при претрес на осомничениот и на автомобилот во кој тој патувал со две сопатнички, на магистралниот пат Кичево Гостивар, биле пронајдени седум таблети екстази и околу 800 грама непозната бела кристална материја. Притоа, осомничениот се обидел да голтне дел од таблетите. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на пронајдените супстанции.

Во исто време, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување краткотраен притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор од 48 часа.

По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице.

Партнери на Правдико