Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш од Албанија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против скопјанец кој е осомничен дека од Албанија набавил хашиш смола и хашиш масло со намера да ги продава во Скопје.
Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Албанија набавил 1.300 милилитри хашиш смола и 500 милилитри хашиш масло. Дрогата му била донесена во Струга, каде ја ставил во багажникот од својот автомобил, со намера да ја пренесе и да ја продава во Скопје. Во близина на наплатната рампа кај Гостивар, полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата спакувана во пластични шишиња.
Судот на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Извор: Макфакс