Скопјанец продавал лек за рак со сомнително потекло | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Скопјанец продавал лек за рак со сомнително потекло

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанка пријавила во полиција дека била измамена од сограѓанин кој ѝ продал лек за рак за кој се сомнева дека е со сомнително потекло. Исто така, тој ја убедил да му даде пари за да ѝ го реши статусот со пензијата.

Според информациите на МВР, вчера во 9:45 часот во полициската станица Карпош, В.Г.(58) од Скопје пријавила дека во мај минатата година во два наврати била измамена од лицето К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за сума од 86 000 денари.

Првата измама ја сторил за набавка на лек за лекување  канцер. К.Ј. од пријавителката побарал и зел 400 евра за лекот. Тој го набавил лекот, но пријавителката се сомнева дека лекот бил со сомнително потекло. По тоа, К.Ј. во разговор со оштетената дознал дека не ѝ решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1 000 евра за да може во најкраток рок да ѝ го реши проблемот.

Од тогаш па до денес пријавителката неколку пати стапила во контакт со К.Ј. и тој ѝ кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата и други разни изговори дека бил многу зафатен, по што заклучила дека е измамена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико