Скопјанец проголтал „екстази“ кога бил фатен од полицијата, уапсени и две девојки | Правдико

Правдико

   

Скопјанец проголтал „екстази“ кога бил фатен од полицијата, уапсени и две девојки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три лица се приведени на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на здуњската крстосница, затоа што при нивен и преглед на патничко возило, во кое се превезувале, биле пронајдени „екстази“.

Како што јави полицијата, станува збор за маж на 26-годишна возраст со иницијали М. Д. и две женски лица  – А. С. (23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје.

Мажот во меѓувреме ги проголтал таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

Двете женски лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико