Скопјанец ранет со нож во караница со соседи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесет и четиригодишен скопјанец вчера бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со убодни рани во пределот на грбот, соопшти МВР.
Според пријавеното, повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул. 376, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс