Скопјанец сместен во државен карантин во Струга ја напуштал собата и се расправал со полицијата | Правдико

Правдико

   

Скопјанец сместен во државен карантин во Струга ја напуштал собата и се расправал со полицијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Четворица од обвинетите го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола, се движеле на разни локации во и околу Струга, а петтиот неколкупати ја напуштал собата во државниот карантин во кој бил сместен и се расправал со полициските службеници.

„20-годишен скопјанец се вратил од странство со хуманитарен лет организиран од Владата и по пристигнувањето, му бил одреден задолжителен државен карантин во хотелот ‘Дрим’ во Струга. Но, на 6 април неколкупати излегол од собата и бил затекнат од полициски службеници. Кога полицајците го предупредиле дека не смее да ја напушта собата, тој им возвратил недолично и со висок тон, па полициските службеници интервенирале и го вратиле во собата“, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико