Скопјанец во автомобил превезувал 12 мигранти од Авганистан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Триесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако во неговиот автомобил биле откриени 12 мигранти од Авганистан.
Според информациите на МВР, вчера во 12:30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници го уапсиле Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, со автомобил „ауди А8“ превезувал 12 лица мигранти од Авганистан.
При обид да биде запрен, тој избегал. Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Извор: Макфакс