Скопјанец замотан во кабли и убиен со струја
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Триесет и осумгодишен скопјанец е пронајден убиен во неговиот дом. Тој бил отвиткан со кабли, кои потоа биле вклучени во струја. Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош утринава, околу 9.15 часот.
Како што информираше полицијата, утринава добила пријава дека е пронајдено безживотното тело на 38-годишниот Пецо Колчовски.
При убидот во неговиот дом на улицата „Бутелска“ во Скопје, полицијата го пронашла неговото тело обвиткано со кабли приклучени во струја и облеано со крв. Телото на убиениот е пренесено на обдукција, а полицијата презема мерки за расветлување на случајот.
Извор: Макфакс