Скопјани и битолчани најголеми прекршители на полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Скопјани и битолчани најголеми прекршители на полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 22 март до утрово во пет часот, кога престана да важи полицискиот час, полицијата регистрирала вкупно 4.873 лица кои не ги почитувале мерките за ограничено движење.

Вкупно 3.110 од нив биле приведени, а поднесени се пријави против 3.412 прекршители, извести денес министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Најголем дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и на Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните што потпаѓаат под секторите за внатрешни работи на Велес и Куманово“, рече министерот Чулев.

Во однос на мерките за почитување изолација и самоизолација поднесени се вкупно 127 кривични пријави за 165 кривични дела против 169 сторители.

Министерот Чулев најави зајакнати контроли за носењето заштитна маска и одржување дистанца, мерки што остануваат во сила и по укинувањето на полицискиот час.

„Ќе биде зголемена контролата од полицијата, од тоа зависи здравјето на граѓаните, но и олабавувањето на мерките од Владата“, објасни министерот Чулев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико