Скопјани продавале фалсификувани влезници за фестивалот „Грин бич“ во Охрид | Правдико

Правдико

   

Скопјани продавале фалсификувани влезници за фестивалот „Грин бич“ во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М. (25) и А.Ч. (28) од Скопје поради фалсификување исправа.

Во текот на јули годинава пријавените набавиле фалсификувани лажни влезници за фестивалот „Грин бич“, кој требало да се одржи на плажата „Парк“ во Охрид. На 28 јули, иако знаеле дека не се вистинити, двајцата пријавени свесно ги пуштиле влезниците во оптек и вршеле нивна продажба со поединечна цена од 1.000 денари.  Истиот ден, околу 22.20 часот, пред почетокот на фестивалот, од организаторот и одговорните лица, при обид за влез, со службените читачи на бар-кодови и холограми биле констатирани  20 лажни, односно фалсификувани влезници.

По преземени мерки, СВР Охрид ги идентификува можните сторители, а потоа изврши претрес во Извидничкиот центар – Охрид каде што пријавените биле привремено сместени. Притоа, пронајдена е една фалсификувана лажна влезница за истиот фестивал, соопшти охридската полиција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико