Скопјанка му платила 500 евра на Турчин за работа во Германија, а тој исчезнал | Правдико

Правдико

   

Скопјанка му платила 500 евра на Турчин за работа во Германија, а тој исчезнал

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државјанин на Турција измамил скопјанка дека ќе ѝ среди да работи во Германија. Таа му платила 500 евра, а тој исчезнал.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е. В. (40) од Р. Турција со дозвола за престој во Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Во текот на јули 2019 тој објавил оглас на интернет-страница, во кој било наведено дека посредува за престој и работа во Р. Германиј, по што оштетената С. Ќ. се заинтересирала и почнала да комуницира со пријавениот преку апликацијата „Вацап“.

Убедена во точноста на информациите и понудата од страна на пријавениот, оштетената на 22.7.2019 уплатила 500 евра на име на пријавениот преку брз трансфер на парични средства, но, по уплатата, не можела да дојде во контакт со пријавениот, кој стекнал противправна имотна корист од 500 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико