Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани ковид-тестови за себе и за своите деца
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скопјанка на Меѓународниот аеродром во Скопје прикажала лажни потврди од негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца и на таков начин се обидела да ја напушти државата, соопшти полицијата.
Поради ова, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца.
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.
Извор: Макфакс