Скопје: Малолетници вооружени со ножеви се обиделе да ограбат продавница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца малолетници вооружени со ножеви се обиделе да ограбат продавница на булеварот АСНОМ во Скопје.
Малолетниците вчера во 11.35 часот влегле во продавницата и со закана со нож побарале пари. Сопругот на вработената, кој бил во задниот дел на продавницата, излегол и им се спротивставил, по што тие побегнале. Тој успеал да фати едно од лицата, а другите двајца што избегале биле пронајдени од страна на полициски службеници.
Од МВР информираат дека станува збор за малолетници на возраст од 15, 14 и од 17 години.
Извор: Макфакс