Скопје: Разбојници со нож ограбиле момче во автобус | Правдико

Правдико

   

Скопје: Разбојници со нож ограбиле момче во автобус

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца непознати разбојници со нож ограбиле момче во градски автобус во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 9.45 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ј. (25) од Скопје пријавил дека претходниот ден во 14.10 часот во населбата Пинтија во градски автобус три непознати лица извршиле разбојништво врз него.

„Сторителите со закана со нож му одзеле мобилен телефон и 1.600 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, информира МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико