Скопје: Заради семејна расправија со нож се обидел да ја убие својата сопруга | Правдико

Правдико

   

Скопје: Заради семејна расправија со нож се обидел да ја убие својата сопруга

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 10.08.2017 година, околу 18,20 часот, во Скопје, во куќа на ул. “Гвадалахара“, сопственост на  С.Х.(65), а во која привремено престојувала С.Б.(23) од Скопје со нејзините три малолетни деца, дошол нејзиниот сопруг Р.Б.(26) и по кратка семејна расправија тој со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот.

Откако С.Б. успеала да избега во дворот, истиот ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување, а увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од страна на полициски службеници Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико