Скопскиот кривичен суд со зголемен квалитет во решавање на предметите но и со низа недостатоци | Правдико

Правдико

   

Скопскиот кривичен суд со зголемен квалитет во решавање на предметите но и со низа недостатоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-vnatreОсновниот суд Скопје 1 – Скопје, изминатата 2014 година ја завршил со зголемен квалитите во однос на решавање на предметите, квалитетот на пресудите и намалување на бројот на нерешени предмети.
Според Извештајот за оценка и заклучоци за работата на судовите во Р.Македонија која ја изработи Верховниот суд на Р.М., Крвичниот суд во Скопје изминатата година во работа имал вкупно 119.566 предмети, од кои 69.158 биле ново примени, а 50.408 предмети биле незавршени од прертходната година. Во извештајната година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје решил вкупно 75.906 предмети, а нерешени останале 43.660.

Според квалитетот при одлучување по оддели, во извештајот е констатирано дека во одделот за Организиран криминал и корупција во текот на 2014 година решени се 109 предмети од кои обжалени пред второстепениот суд се 62 предмета од кои 55 предмети биле потврдени, а укинат и само 2 предмета односно 3,23 % од обжалените или 1,83 од вкупниот број на предмети.

Во одделот Кривично – полнолетни од вкупно 4561 предмет решени во текот на изминатата година, обжалени се 999 предмети пред Апелациониот суд од кои 10 одлуки се делумно укинати или 1,00% од обжалените, а 186 одлуки се укинати или 18,62% од пресудите за кои одлучувал второстепениот суд или 4.07% од вкупниот број на решени предмети, што говори за кавлитот на пресудите, и малиот процент на граѓани кои биле незадоволни од пресудите и ги искиристиле правните лекови пред повисоките судови.

Во извештајниот период од 10,5 месеци кој е анализиран во „Заклучоците и Согледувањето“ од Извештајот на Врховниот суд на Р.М., Основниот суд Скопје 1 – Скопје вкупно во работа имал 104.613 предмети односно 9963 предмети земени во работа во еден месец. Вкупно биле решени 61.052 предмети однсоно во периодот од 10,5 месеци судиите на Кривичниот суд решавале по 5.814 предмети месечно, со што Врховниот суд на Р.М. го оценил овој суд како релативно ефикасен.

Воедно во извештајот е констатирано дека во Основниот суд Скопје 1 – Скопје постојат одредени околности и потешкотии кои влијаат врз ефикасноста на судот односно недоволна кадровска екипираност во текот на 2014 година по разни основни. Така на двајца судии им мирува судиската функција, на четворица судии им престанала судиската функција поради исполнување на услови за пензија, еден судија е разрешен со одлука на Судскиот совет на Р.М., а во текот на 2014 – та година со одлука на советот времено се одалечени од вршење на судиската фукција 9 судии од Одделот за прекршоци, а на нивно место времено се упатени да ја вршат 7 нови судии. Дополнително врз ефикансоста влијаела и недоволниот број на судски службеници како и недоситгот на судски рефернети – дактилографи. Според обемот на работа и специфичноста на надлежноста пак , Основниот суд Скопје 1 – Скопје е единствен суд во Р.Македонија со волку голем фонд на предмети во работа во текот на една година.

Но и покрај констатираните потешкотии, Основниот суд Скопје 1 – Скопје споредбено со претходните години значително го намалил бројот на стари предмети и приливот од претходните години, а воедно е подобрен и квалитетот на пресудите со тоа што е намален бројот на обжалени пресуди пред второстепенито суд, а зголемен бројот на потврдени пресуди.

Препорачуваме

Партнери на Правдико