Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката | Правдико

Правдико

   

Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ОЈО ќе донесе одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, информираат од Основното јавно обвинителство.

„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредби за прибирање на потребната документација и податоци“, соопшти ОЈО.

Од Обвинителството додадоа дека по разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико