Скопското Обвинителство отвори истрага за дилер на марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот во својот дом заради продажба, неовластено држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 293,71 грама, пет шприца со наркотична дрога хашиш-смола, со вкупен волумен од 47,5 милилитри, семки од растението канабис со нето-маса од 21,41 грам и 6 таблети во зелена боја и активна компонента 3,4 метилен-диоксиметамфеамин (MDMA). При претресот во домот била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.
Извор: Макфакс