Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ги почитувале здравствените прописи | Правдико

Правдико

   

Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ги почитувале здравствените прописи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест COVID-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од  5 лица на јавни површини.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико