Слободан Богоевски ги наклеветил Али Ахмети и Муса Џафери, одлучи Основниот суд Скопје 2 | Правдико

Правдико

   

Слободан Богоевски ги наклеветил Али Ахмети и Муса Џафери, одлучи Основниот суд Скопје 2

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Eксразузнавачот Слободан Богоевски е виновен дека ги наклеветил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и  Муса Џафери за примање мито во случајот „Маѓар Телеком“, потврди адвокатот Валентин Зафиров за „Макфакс“.

Сепак, за тужбите на Ахемети и Џафери, Богоевски нема да им плати материјална штета бидејќи тужителите се повлекле од барањето. Адвокатот на Богоевски, Валентин Зафиров, вели дека одлуката ја добиле пред Нова година. Најави жалба пред Апелациониот суд. „Прифатена е надлежноста на нашиот суд, но таа одлука ја нема во диспозитивот на изреката и ние сметаме дека тоа е битна повреда“, вели Зафиров.

Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Богоевски даден во постапката која се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи пред судот во Њујорк. Во него, Богоевски, меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико