„Слободна Далмација“: Хрватска го враќа задолжителниот воен рок | Правдико

Правдико

   

„Слободна Далмација“: Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватска најавува враќање на обврзниот воен рок, кој би се служел три недели или најмногу еден месец, и тоа само во лето, објави „Слободна Далмација“.

Одлуката за повторно воведување воена обврска наводно треба да помине само потребна процедура за да се почне со нејзина примена.

– Постојат се уште варијанти и идеи како да се осмисли воениот рок, колку да трае каде ќе се спроведува обуката, кои инструктори да се ангажираат и колку тоа ќе чини -наведува сплитскиот весник.

Најмногу изгледи има планот за воен рок од три недели или најмногу еден месец и тоа во лето, од последната недела во јули до крајот на август во два турнуса. Воениот рок би бил задолжителен за сите момчиња, а девојки би оделе само ако сакаат.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико