Словачка: Убиени истражувачки новинар и неговата девојка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка вчера биле најдени мртви во стан во градот Велка Мача, источно од Братислава, соопшти шефот на словачката полиција, Тибор Гашпар.
Како што пренесуваат домашните медиуми, полицијата влегла во станот по повик на загрижен член од семејството. Според информациите, 27-годишниот Куцијак истражувал даночно затајување од страна на бизнисмени што биле поврзани со владејачката партија во земјата.
Гашпар истакнал дека убиството, најверојатно, е поврзано со неговите истражувачки активности и додал дека во Словачка никогаш досега не се случил таков напад на новинари.
Извор: Макфакс