Словачки полицајци ќе патролираат на македонско-грчката граница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Амбасадата на Република Словачка во Скопје соопшти дека, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Словачка и Македонија, во земјава пристигнаа девет припадници на полицијата на Република Словачка и пет полициски возила.
Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.
Како што соопштија од словачката мабасада, полицајците ќе бидат опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Извор: Макфакс