Словенечката полиција употреби солзавец против бегалците, Љубљана ќе испраќа војска на границата | Правдико

Правдико

   

Словенечката полиција употреби солзавец против бегалците, Љубљана ќе испраќа војска на границата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Словенечката полиција синоќа на граничниот премин Трновец, употреби солзавец против насобраните бегалците, јавија хрватските медиуми.

Како што наведува ХРТ, во Меѓумурје, кај граничниот премин Трновец, синоќа околу 23 часот дошла група од околу 1.800 лица, кои по 20 часа минати на дожд почнале да влегуваат во Словенија.

Последните автобуси на преминот пристигнале околу 20 часот, а во желбата да дојдат до превоз за продолжување на патот кон Австрија и Германија, бегалците почнале да се туркаат со словенечките полицајци, кои потоа употребиле солзавец.

Како што наведува хрватската телевизија, со солзавец биле испрскани и мали деца.

Словенечката Влада на вонредната седница, која траеше до доцна синоќа предложи законски амандман, кој би овозможил ангажирање на војската за помош на полицијата про обезбедувањето на државната граница.

Словенечката граница се најде под притисок од приливот на илјадници бегалци од Хрватска, откако Унгарија ја затвори својата зелена граница со таа земја.

Се очекува словенечкиот Парламент овој амандман да го усвои подоцна во текот на денот.

Во соопштението објавено по завршувањето на маратонската седница, која почна синоќа во 21 часот, се наведува дека приливот на бегалци ги надминал сите можности на кои била подготвена Словенија, пишува словенечкиот весник „Вечер“.

Само во текот на вчерашниот ден, како што се наведува во соопштението, во Словенија влегле осум илјади мигранти, додека во Австрија преминале две илјади од нив.

– Притисокот на бегалците, кои доаѓаат од Хрватска се зајакнува, а Хрватска не го најавува нивното влегување во Словенија, туку без надзор и намерно неорганизирано ги испраќа на државната граница. Поради однесувањето на соседните држави само вчера во Словенија останаа околу шест илјади луѓе, меѓу нив најголем број жени и деца, се додава во соопштението на словенечката Влада.

Извор:  Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико