Словенија доби Ден на суверенитетот | Правдико

Правдико

   

Словенија доби Ден на суверенитетот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Zastava-SlovenijaСобранието на Словенија одлучи, 25 Октомври да биде прогласен за Ден на суверенитетот, објави словенечкиот весник “Дело”.

На предлог на пратениците, словенечкото Собрание  со 70 гласови “за” и четири гласа “против” одлучи дека Ден на суверенитетот ќе биде денот кога последниот војник на ЈНА замина од  Словенија, а тоа е на 25 октомври 1991 година, и со ова овај датум е изгласан за државен празник.

Словенија моментално има 12 државни празници кои се неработни денови, а десет празници се само меморијални-денови кои се поврзани за различни историски настани.

Покрај новопрогласениот  Ден на суверенитетот, исто така има и Ден на државноста и Ден на независноста и единството.

Словенија е една од ретките земји во ЕУ каде 1 Мај се прославува со два неработни дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико