Словенија го суспендира Шенген и од ноќеска воведе контрола на границата | Правдико

Правдико

   

Словенија го суспендира Шенген и од ноќеска воведе контрола на границата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Словенија од ноќеска на полноќ воведе засилен надзор на својата граница со Унгарија и привремено ќе го суспендира Шенгенскиот режим, изјавија синоќа словенечкиот премиер Миро Церар и министерката за внатрешни работи Весна Гјеркеш Жнидар.

CPCp3-aVEAACZzc

На крајот од својата посета на Лендава, недалеку од границата со Унгарија, Церар, на прес-конференција, изјави дека веќе почнале подготвителните мерки за повторна гранична контрола кон Унгарија и дека ќе се применуваат од полноќ.

Оваа мерка тој ја образложи со фактот дека ЕУ се уште не зазела единствен став во поглед на бегалската криза.

Истовремено, во Љубљана прес-конференција одржа и министерката за внатрешни работи Весна Гјеркеш Жнидар, на која официјално беше потврдено дека Австрија од 19 часот синоќа вовела мерки на гранична контрола на три свои гранични премини кон Словенија, како што Виена деновиве и најави, исто така, поради бранот бегалци.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико